ШЕШО Инженеринг

Компанијата ШЕШО инженеринг - Охрид повеќе од десет години опстојува на пазарот како лидер во областа на производство, трговија, градежништво, проектирање и монтажа на елементи за топловодно греење, водовод, соларни системи, климатизација, вентилација и слични услуги

Основана  е во 2001 година а нејзин основач е Шешоски Климе, дипломиран машински инженер.

Нашата компанија ви нуди модерни, квалитетни и напредни решенија кога е во прашање топлината во вашите домови. Наша главна цел е како да ја внесиме топлината во секој дом, а бидејќи топлината го создава домот ние се трудиме да им го овозможиме тоа на нашите клиенти. Целта на нашето постоење и делување е секако потрошувачот и нивната потреба за прилагодување на климатските услови, а ние нудиме начини и решенија како тие потреби да ги задоволиме на високо ниво.

Визија

Нашата визија е секако, стремежот да постанeме водечка фирма, лидер на пазарот за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење,соларни системи, вентилација, водовод, како во Македонија така и на странските пазари. На почетокот почнавме само како тим од неколку мајстори и бевме насочени само кон инсталирање на системите за греење, но денес нудиме и разни услуги при изведбата на разни проектни, деловни и технички решенија во сите овие области, како и други идејни решенија за вашиот дом или деловен простор.Во нашата компанија секојдневно се фокусираме и го збогатуваме нашиот асортиман на услуги и производи од наше производство.

Цел

Наша долгорочна цел пред се е во функција на исполнување на нашата визија.
Имено она што сме го замислиле во нашата визија да станеме лидер на пазарот е секако остварливо со поставување на реални, остварливи, мерливи и временски определени цели. Така наши цели за три години ни се :

  • Да успееме од нашиот производ да направиме бренд,
  • Нашиот производ да ги задоволува стандардите за квалитет поставени од ISO и CE,
  • Бројот на постојани клиенти да изнесува над 100,
  • Нашите производи да бидат поставени во повеќе од 500 домаќинства,
  • Нашето портфолио на завршени проекти да расте секоја година со стабилен раст од 5%.